Верување во Аллах

„Кој со своето срце сведочи дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, Аллах му го забранува пеколот.”1

(Пророкот Мухаммед(а.с.))

Верувањето во Аллах е главната основа на Исламот. Семоќниот Аллах е Оној Кој го создаде универзумот од ништо, го создаде и управува со целото царство на постоењето, од атомите до галаксиите. Тој е Оној Кој создава, одржува, убива и потоа одново ги оживува сите суштества, особено, човечките суштества.

Аллах е единсвениот; нема бог освен Него. Тој не е роден, никој не е го родил. Додека сè има потреба од Него; Тој нема потреба од ништо. Никој не му е равен и сличен. Тој не личи на други суштества што постоеле во минатото или што ќе постојат во иднината. Апсолутната моќ, власт, авторитет и одредба е на Аллах. Тој е жив. Сите живи суштества ќе умрат еден ден, но Аллах никогаш нема да умре, Тој ќе остане вечно. Исто како што Неговото постоење нема почеток нема и крај.

Аллах е Оној Кој гледа сè, совршено слуша и знае сè до најмалите детали. Нема ништо што е скриено од Него, што е тешко за Него, или што се случува во минатото или во иднината надвор од Неговото знаење и волја. Тој има бесконечна волја и моќ. Тој е Оној Кој простува, Кој води до патоказ и Кој е милостив. Тој е Оној Кој обезбедува храна за Своите слуги, им помага и ги штити и бдее над нив. Во исто време, Тој е Оној Кој ги скршува и казнува оние кои опстојуваат во мочуриштето на ширкот, негирањето и неверувањето.

Исламот е религија на „тевхид”. Тевхид значи да се верува во Аллах и да не му се придружува ништо. Човек кој верува со цело срце го одобрува постоењето и единството на Аллах и дека не постои нешто слично, рамно, партнер или еднакво на Него. Тој го препознава со сите Негови имиња, атрибути и уникатни карактеристики и се поврзува со Него. Ова одобрување го изразува со својот јазик и живее во оваа насока. Бидејќи должност на човекот е да верува во својот Господ, Кој го создаде, го одржа во живот и го опреми со секакви благослови.

Верувањето во Аллах е заеднички повик на сите пророци. Првиот принцип на покана за Ислам е најдоброто од она што човекот може да го направи. Во исто време, тоа е право на нашиот Семоќен Господ врз Неговите слуги.

Веруваење во Аллах бара најмногу Тој да се сака, да се почитува како што е потребно, доверувајќи да се потпира на Него во сите случаи и услови, и да се бара помош само од Него. Личноста која верува во Аллах, живее знаејќи дека Тој ја гледа и слуша во секој момент, е свесен за секој нејзин потег и дека еден ден ќе побара од неа одговорност. Таа води живот достоен за нејзината вера и ја става согласноста на Аллах на врвот на сите нејзини намери и желби. Таа наоѓа мир со својата вера и им влева мир на оние околу неа.


1 Бухари, Знаење, 49.

6

Верување во Мелеките (Ангелите)

„Кој го негира Аллах, Неговите ангели, Неговите книги, Неговите пророци и судниот ден, тој паѓа во длабока заблуда.”1

(Светиот Куран)

Човечката историја е полна со верувања за моќни и невидливи суштества. Борбата на доброто и злото често се раскажува преку овие суштества. Но, колку од овие се вистина? Сепак, последната религија испратена од Аллах, Господарот на видливите и невидливите светови, може да даде цврсти и вистинити информации за ова прашање. Всушност, верувањето на мелеките создадени од светлина е еден од принципите на верата во Исламот.

Според Исламот, мелеките; Тие се суштества кои исполнуваат различни должности дадени од Аллах, ги почитуваат Неговите наредби без прашање и ја претставуваат добрината. Мелеките немаат пол и карактеристики како што се јадење и пиење. Во ајетите од Куранот се споменува дека имаат крилја, но не е правилно да се прикажаат како жени или птици. Всушност, Куранот се спротивставува на перцепцијата на мелеките како жени и ги карактеризира како „слуги на Најмилосрдниот“.2

Мелеките се поделуваат во различни групи според нивните хиерархиски структури и должности. Гаврил, кому Аллах му доделил да објави откровение на своите пророци; Микаил, кој ги надгледува природните настани како ангел на храната и милоста; Азраил, ангелот на смртта; и Исрафил, кој ќе дува на Сурот како предвесник на судниот ден, се четирите големи ангели. Покрај тоа, постојат различни мелеки кои го носат престолот, ги штитат луѓето и се молат за нив, ги запишуваат добрите и лошите дела на луѓето, ги среќаваат во гробот и прво ги испрашуваат и служат во рајот и пеколот.

Мелеките, како и сите други живи суштества, се суштества создадени од Семоќниот Аллах. Не му се спротивставуваат на Аллах, тие дејствуваат само по Негова дозвола и заповед. Не можат да знаат повеќе од она што им го објавил Аллах. Затоа, не можат да бидат прифатени како богови, господи или владејачки сили на кој било начин.

Една од најосновните карактеристики на Муслиманот кој е искрено приврзан кон Аллах е тоа што верува во апстрактното, односно тајната. Верувањето во мелеките е дел од тоа.

Човекот кој верува во мелеките станува среќен со тоа што ги чувствува добронамерните суштества кои се со него во секој чекор од неговиот живот, од раѓањето до смртта кои по Аллахова дозвола го штитат и чуваат над него. Благодарение на мелеките кои го повикуваат на добрина, го штитат од злото одејќи пред и зад него, го поддржуваат и се молат за негова прошка, живее во надеж и доверба.


1 Ниса, 4/136.

2 Зухруф, 43/19.

7