Свест за обожување
„Ихсан е да Му се поклонуваш на Аллах како да ГО гледаш. Иако ти не можеш да Го гледаш, Тој те гледа.”1
(Пророкот Мухаммед(а.с.))
Аллах го создал човекот совршено и ставил сè во универзумот во негова служба. Го опремил со супериорни способности како што се користење на својот ум, создавање решенија, размислување, зборување, пишување и манифестирање волја. Единствено што очекува од човекот е да Му служи.
Да се биде слуга значи да се покорува на Аллах со апсолутна послушност, да се биде длабоко прврзан кон Него и да се преземе одговорноста да биде човек. Да се биде слуга значи да се биде свесен дека што и да правиш добро или зло, Аллах тоа го знае и еден ден ќе одговараш за тоа. Да се биде слуга од една страна бара вера и добар морал а од друга страна го обврзува со покорувањето. Всушност, покорувањето е суштината на службеноста, целта на создавањето на човекот. Затоа, човекот треба да Го не заборави Својот Господ Кој му подарил безброј благослови и правејќи ибадет на Него треба да ја одржува својата свест свежа.
Обожување (ибадет) е способност на човекот, кој има потреба од Аллах во секој момент и во секоја смисла, да му ја претстави својата состојба без никаков посредник. Личноста која ги прифаќа принципите на верата мора да продолжи да се поклонува за да ја задржи и зајакне оваа вера.
Постојат основни ибадети кои се заповедени од Исламот за секој Муслиман кој има можност и одговорност за нив. Тоа се, да се искажува Келиме-и Шехадет, односно да се сведочи дека нема бог освен Аллах и дека Пророкот Мухаммед е Негов слуга и пратеник, да се врши намаз, да се дава зеќат да се оди на аџилак и да се пости за време на Рамазан.
Освен овие задолжителни ибадети, секое дело направено со добра намера и искреност заработува награди како облик на ибадет. Во овој контекст, ибадети се и однесувањата како што се препорачување на добро и забранување од зло, одржување на правдата меѓу луѓето, обезбедување поддршка за семејството, поздравување, пречекување на луѓето со насмевка и милостина.
За личноста; правење добри дела за сопругата, родителите и децата, добри односи со своите роднини и соседи, бришење солзи на тажен човек, галење по главата на сираче, подмирување на трошоците на сиромашниот ученик, почитување старец, поддршка на хендикепирана личност е исто така ибадет.
Ибадет е исто така кога човек го споделува своето знаење и искуство, тргува чесно и сигурно, прави напори да ги спаси младите од канџите на лошите навики, ја штити природата и ги штити правата на животните.
Човек кој се труди да се држи настрана од способностите на лошиот морал, се труди да стекне добри навики и да се дисциплинира себеси и се грижи да биде олеснувач наместо компликатор за оние околу него, значи дека има свест за ибадет.
Ибадетот има својство што ги чисти луѓето од човечките слабости, ги дисциплинира и ги учи на трпение, волја и намера. Човекот понекогаш учи да ја дели временската дисциплина со намаз, вредноста на благодетите со постот, еднаквоста и братството со аџилакот и споделувањето со зеќат. Иако ибадетот на прв поглед изгледа како да се состои од одредени правила, облици и форми, всушност под овие облици се крие суштината на љубовта, почитта и послушноста кон Аллах.
Ибадетот го прочистува човекот и од себичност, ароганција, заблуда, Завист, сомнеж, страст, скржавост и слични чувства и мисли. Ибадетот го воспитува, расте и созрева човекот; му помага да биде корисен верник за себе и за општеството.
1 Бухари, Тефсир; Локман, 31.